Тим лекари од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска пристигна во Хаг, каде што в среда треба да го прегледаат генералот Ратко Младиќ.

Лекарскиот тим од Република Српска треба да ја утврди здравствената состојба на генерал Младиќ и да предложи соодветна терапија.

Во тимот од Клиничкиот центар се Милан Стојаковиќ, Никола Шобот и Синиша Миљковиќ.

За семејството на Младиќ, како што велат, ова ќе биде многу значајно, меѓу другото, бидејќи лекарите ќе комуницираат со него на мајчин јазик, пренесуваат медиумите во Република Српска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.