Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека регионот ќе биде безбеден само кога сите земји ќе влезат во Европската унија и нагласи дека Унијата е посветена на европската интеграција на Балканот.

Лајчак истакна дека е неопходно добрата волја да се претвори во конкретни резултати.

Регионот ќе биде безбеден само кога сите земји ќе влезат во ЕУ. Ние сме посветени на европскиот Западен Балкан. Искреноста се врати. Проширувањето е повторно политичко. Но, за тоа да стане реалност, треба да ја претвориме добрата волја во конкретни резултати“, објави Лајчак на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.