Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека денеска разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касанов.
Лајчак на платформата Х објави дека се приклучил на средбата на двајца американски претставници со косовскиот премиерот Албин Курти, со цел да се разговара за напредокот во односите меѓу Белград и Приштина.
„Се согласивме дека нема алтернатива за брзото спроведување на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, напиша Лајчак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.