Сега, по покана од моите американски партнери, ќе одам во Вашингтон, САД. Ќе имаме интензивни дискусии за тоа како да се движиме напред и за непосредните следни чекори“, напиша Лајчак во својот неделен преглед на Фејсбук.

Лајчак напиша дека на форумот во Преспа, кој се одржа во четвртокот и петокот во Струга, во фокусот на вниманието на сите беа „настаните во регионот и особено високите тензии меѓу Косово и Србија и ситуацијата на северот на Косово“.

Тој во својот осврт истакна и дека ги информирал амбасадорите на НАТО и на ЕУ за ситуацијата на северот на Косово, нагласувајќи дека е неопходно да се преземат чекори за смирување на тензиите.

„За време на посетата во седиштето на НАТО, се сретнав и со заменик-генералниот секретар Мирча Џоане, со кого разговарав за ситуацијата на северот на Косово. Се договоривме дека треба да се преземат итни чекори за деескалација“, напиша Лајчак.

Претставникот на ЕУ изјави дека претходно минатата недела ги информирал своите колеги во Брисел за неодамнешната посета на регионот заедно со специјалниот претставник на САД за актуелната ситуација и за тоа како понатаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.