Косовскиот премиер, Албин Курти, оцени дека ситуацијата на северот на Косово е тензична поради дејствијата на официјален Белград.

Зборувајќи за барањето на Србија за враќање на до 1.000 српски војници и полицајци во Косово, Курти за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ има за цел да се врати во минатото, но дека тоа не е можно.

Според Курти, Меѓународниот суд на правдата пресудил во корист на прогласувањето на независноста на Косово.

Нема повисок суд на оваа планета, изјави Курти.

Тој додаде дека владата што ја предводи е „загрижена за ситуацијата на северот, но внимава на моменталната ситуација“.

Европската Унија и САД вршат голем притисок врз Србија да избере меѓу демократскиот Запад и Русија, вели Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.