Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека договорот постигнат во Брисел и „патната карта“ за негова имплементација договорена во Охрид се јавни документи и дека е потребна нивна „точна и брза имплементација“, јави српската агенција БЕТА.

– На 4 април во Брисел ќе се разговара за прашањето за имплементација на веќе договорениот договор. Договор има, договорот постои, јасно е јавен за сите и ни треба негово правилно и брзо спроведување. Затоа ќе биде организиран состанок со главните преговарачи, на кој ќе учествува косовскиот вицепремиер Бесник Бислими, истакна Курти по состанокот организиран од Советот на Европа во Приштина.

Тој наведе дека договорот мора да се имплементира во целост и оти не постои можност дел да се спроведе, а дел, не.

Не треба да го уриваме договорот земајќи ги деловите кои сакаме. Зборот „итно“ е употребен во реченицата што се однесува на исчезнатите односно насилно исчезнатите, посочи Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.