Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за РСЕ изјави дека нема да го прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка со која се забранува српската валута динарот во Косово. Тој не го прифаќа нацрт-документот за Заедница на општините со српско мнозинство, кој го подготвија Европејците, освен ако Вучиќ не се согласи да го потпише Основниот договор (според кој е предвидено создавање на заедницата).
Што се однесува до прашањето за динарот наспроти еврото, одлучува Централната банка на Косово и тие веќе одлучија на 27 декември минатата година. Благодарение на нив, имаме нова регулатива која ќе го зајакне интегритетот на финансискиот систем за борба против недозволените активности за финансирање на тероризмот. Затоа, не можеме да дозволиме во нашата земја да доаѓаат вреќи со готовина. (Може да се случи) само преку финансиски официјални канали со целосна транспарентност, кој на кого испраќа и за каква цел. Ако има одредени тешкотии на теренот, имаме 10 чекори во тримесечен преоден период, повторно од Централната банка на Косово, која ќе ги реши тие пречки. И нашата влада е тука да и помогне на Централната банка на Косово. Косово мора да има централна банка.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.