Косовскиот премиер Албин Курти смета дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона Адемај во Косово од страна на нејзиниот сопруг, мора да им се изрече заслужената казна, за таквите злосторства да не се повторуваат во иднина,

Курти рече дека двете убиства „натежнуваат врз умовите и срцата на сите“ во двете земји.

Според косовскиот премиер, ставањето зад решетки на нарачателите и извршителите на убиставата на Лиридона Адемај и Вања Ѓорчевска не е доволно, туку и судовите треба да ги третираат случаите на насилство врз жени и девојчиња како приоритет.

– Неодамнешните убиства, нарачаното убиство на Лиридона Адемај од страна на нејзиниот сопруг и киднапирањето и убиството на 14-годишната (Вања Ѓорчевска) во Скопје, натежнуваат врз умовите и срцата на сите. Нарачателите и извршителите на инцидентот во Лиридона се уапсени и ставени зад решетки, рече Курти.

Од друга страна Косово одбива да ги испорача терористите од Диво насеље а на тие што загинаа им приредуваа погреби со државни почести



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.