Водителката на телевизија „Н1“, Ивана Константиновиќ, се најде во несекојдневна ситуација, којашто можеше да биде многу непријатна за неа. Имено, додека се емитуваше Дневникот и заѕвони телефонот.
Иако, тоа можеше да заврши какокатастрофа за емитување во живо, нејзината реакција воодушеви многумина. Ивана мирно го зеде мобилниот телефон, го исклучи тонот и го стави под масата.
Поради таквиот нејзин потег, на социјалните мрежи ја нарекоа кралица на ладнокрвноста и таа стана голем хит на Твитер.
Набргу по настанот, самата Ивана се огласи на Твитер и се пошегува на своја сметка. Таа објави видео кое се рашири на социјалните мрежи со забелешка „Телефонот постојано ми е исклучен. Исто и јас“. Со објавата водителката уште повеќе ја насмеа публиката.
„Сигурно би побегнал од студио доколку ми се случеше истото, а ако останам ќе значеше дека колабирам на лице место.“ “Хит, но вие продолживте без проблем“ – се само дел од коментарите кои следеа” под објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.