Токсиколошките анализи на крвта на Коста Кецмановиќ (13), кој вчера уби осум врсници и чуварот во училиштето, а повреди шест деца и наставничката по историја, бил негативен на алкохол и наркотици, дознава „Блиц“.
Според медиумот, момчето од синоќа е на Клиниката за невропсихијатрија за деца и млади, на специјално детско одделение.
Лекарите во наредните денови треба да извршат опсервација, а рочиштето на таткото е утре во 10 часот во Палатата на правдата – потврди семејната адвокатка Ирина Боровиќза „Блиц“.
Според сознанија на медиумот, момчето ноќта ја поминало на клиника, а кога ќе бидат завршени сите анализи, ќе се утврдува што понатаму со него.
Тој вчераутро влегол во училиштето со пиштолот на својот татко, првин пукал во училишниот чувар, потоа во дежурните ученици, а потоа се упатил кон канцеларијата за историја. Таму ја ранил учителката, а потоа почнал да пука во своите врсници. Според официјалните информации од МУП, убиени се седум девојчиња, едно момче и училишниот чувар. Шест деца се ранети, како и наставничката по историја.
Синоќа, илјадници граѓани од Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар. Палеа свеќи во Белград, Нови Сад, Ваелво, Ужице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.