Специјално обвинителство на Косово соопшти дека за нападот врз косовската полиција се приведени шест лица кои се осомничени за повеќе кривични дела, а едно од нив е тероризам.
„Станува збор за напад врз уставниот поредок на Косово, подготовка на терористички акти или криминални дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Косово, поседување, контрола или неовластено поседување оружје“, соопшти обвинителството.
Исто така, обвинителството објави дека во акцијата се запленети возила со значително количество оружје.
На приведените им е одреден притвор до 48 часа, соопшти обвинителството, пренесе Коха.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.