Косовската претседателка Вјоса Османи побара од американскиот претседател Џо Бајден да го искористи влијанието на Вашингтон во НАТО и да ѝ помогне на државата да влезе во алијансата.
Во писмото до Бајден, Османи кажа дека по инвазијата на Русија во Украина, приклучувањето на НАТО е приоритет за национална безбедност.
Членството на Косово во НАТО стана императив. Веруваме и очекуваме САД да го искористи влијанието за да ни помогне да влеземе во алијансата, кажа Османи.
Османи кажа дека се изложени на напори од Русија да го дестабилизира цел западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.