Турски безбедносни извори соопштија дека полицијата во Истанбул го уапсила Лиридон Реџепи, државјанин на Косово, кој бил „менаџер“ на финансиската мрежа на Мосад во Турција.
Реџепи распределувал средства до агентите на Мосад кои користеле беспилотни летала за да снимаат цели, да спроведуваат психолошки операции против палестинските политичари и да собираат разузнавачки информации за Сирија.
Турската национална разузнавачка организација го идентификувала Реџепи откако открила неправилности на неговите финансиски сметки, кои покажале бројни депозити на оперативците на Мосад во Турција преку „Ветерн јунион“.
Тој бил ставен под надзор при влегувањето во Турција на 25 август 2024 година, а бил приведен во Истанбу во заедничка акција со полицијата.
Извори од истрагата навеле дека Реџепи на распитот признал дека ги префрлувал парите за кои е обвинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.