Фантастичниот триумф на македонската фудбалска репрезентација против Италија во палермо, не престанува да ја бранува спортската јавност ширум Балканот.
Така хрватскиот уредник и новинар Бојан Стилин, за „Тпортал.хр“ на Македонија и посетува опсежен коментар.
Коментарот на го пренесуваме во целост.
Сум доживеал милијарда такви сцени, но синоќа по натпреварот ме погоди ретроспектива од пред една година. Како семеен возач и македонски зет, возев три генерации Македонци – ќерка, сопруга и нејзините родители на патот Крива Паланка – Штип. Прописите за корона на државата Македонија тогаш не третираа како две посебни домаќинства, па се тркалавме низ мистичните Родопски клисури во источна Македонија гледајќи под маски, додека полицијата ѕиркаше зад секоја грмушка за да не скратиза грст пари.
Како што е обичај, во овие семејни прилики се пушта некоја компромисна, но во исто време музика соодветна на амбиентот, така по сто години го пуштив „најдоброто од“ несомнено најголемиот македонски рок бенд Леб и сол. Некаде во вечерните часови, додека вечното сонце на Дадо Топиќ исчезнуваше зад оџаците на уништените рудници изградени од Германците пред сто и повеќе години во некогаш познатиот индустриски град Кратово, од звучниците излегоа првите стихови на македонски што ги имам научено и разбраново мојот живот. Нивниот автор е Влатко Стефановски, на некои омилена, а некои омразена балканска рок легенда кој во тие неколку зборови го исцедува сублиматот на она што Македонците претставуваат самите за себе, но и за сите нас, колку и да звучат патетично и слатко.
Со една надеж,
За трочка љубов,
За малку среќа,
Живееме…
Со надеж за ронка љубов и малку среќа излегоа на теренот на „Ла Фаворита“, култниот стадион во подножјето на Монте Пелегрино, селекторот Благоја Милевски и единаесет напорни фудбалски мрзливци кои лебот го заработуваат најмногу во европските и азиските земји, меѓу кои и тројца печалбари во Хрватска – динамовците Аријан Адеми и Стефан Ристовски, и Дарко Велковски од Риека. Излегоа на мегдан на европскиот шампион, мултифаворизирана фудбалска велесила за која сите навивавме минатото лето за да го освои еврото, бидејќи заедно со Белгија која ја исфрлија, играа најубаво, најквалитетно и најдобро. Македонците излегоа со само еден план, а тој во фудбалот го носи италијанското име – катеначо. Фудбал во кој посилниот тим напаѓа манијакално, а послабиот ја заклучува вратата со катанец, ефективно се брани и бара шанса од контранапад. Фудбал кој е грд и фрустрирачки за гледање, особено ако навивате за посилниот, но фудбал кој ја комплетира смислата на играта и ѝ носи епска димензија на поетска правда – се разбира, ако послабата екипа успее да го оствари тој план.
Македонците трчаа како гладијатори во тој сицилијански амфитеатар, се фрлаа пред и под секоја топка, блокираа 16 од 32-те удари на Италијанците кон голот, се тркалаа на теренот по поострите стартови, направија се што се прави во најдоброто катеначо. Се бореа лавовски, надоместувајќи го индивидуалниот квалитет хендикепиран со тоа што моментално нивниот најкреативен играч Елиф Елмас – патем речено член на италијански Наполи – е под сузпензија, а најголемата фудбалска легенда Горан Пандев – инаку легенда на италијанскиот клупски фудбал – ја заврши репрезентативната кариера на Европсото првенство кое го освоија Италијанците. Ги издржаа и потценувачките исвиркувања од трибините во Палермо, како што тоа го направија и пред година и пол Германците, каде што ги сместија „на Бога зад нозете“ за што помалку припадници на дијаспората да дојдат на натпреварот, но и нив шокантно ги добија на гости.
А, потоа, во 92. минута, кога Италијанците веќе сменија половина тим подготвени да ги скршат жилавите Македонци во продолжение или – како на Еврото – да се извлечат на пенали, од нигде никаде се појави тој, некојси Александар Трајковски, кој од скопска Цементарница преку Запрешиќ во 2015 година пристигна во Палермо и токму на таа „Ла Фаворита“ четири години го живеше тој печалбарски фудбалски живот. Постигна еден од оние голови од балкански инает, од мака што нашминканата италијанска одбрана, вредна десетици милиони евра, не му дозволува да се доближи на 20 метри. Во својата копака ја наби целата крвава мака сицилијански гастербејтер и шутираше со малку надеж во трошка љубов и малку среќа и преживеа. Ја пикна топката зад грбот на Џанлуиџи Донарума, најскапиот голман на светот, кој прима седум милиони евра годишно од емирот Ал Тани од Катар, сопственик на фудбалската корпорација Пари Сен Жермен, додека Трајковски заработува дваесет пати помалку во саудиска Ал Фајха.
Македонците ја преживеаја таа вечер во Палермо и сега сонуваат за чудо во Порто, затоа што треба да одработат уште една рунда катеначо против Кристијано Роналдо, Пепе и другите фудбалски касапи кои секогаш „се изгребуваат“ барем за еден гол, дури и кога не го заслужуваат тоа (види под Хрватска, Тулуз, 2016 година). Сите можности велат дека ќе го видат Порто и ќе умрат, ќе дојдат пред рајските порти и ќе паднат, исто како македонските кошаркари, носители на дрвениот медал од Литванија во 2011 година, филмското ремек дело „Медена земја“ на Оскарите или гордата Тамара Тодевска на Евросонг, со исклучокот кој го потврдува правилото, а го нарекуваат ракометен клуб Вардар, европски првак од 2017 и 2019 година. Баш како, впрочем, и државата кога денес се вика Cеверна Македонија, со која западниот и источниот свет, но и соседите, ја пошутнуваат како топка, домашните политичари ја черечат по принципот „раздели па владеј“, а обичните луѓе во целиот тој хаос го кратат патот до надежта, љубовта и среќата, секој на свој начин – често со земање бугарски пасош и како нивните фудбалски легионери заминуваат во светот.
И кој може тогаш да им замери кога по натпреварот на градските плоштади ќе запалат факели под спомениците на псевдомитологијата од гипс и стиропор, ќе го преплавата интернетот со мемиња во кои симит погачата ги јаде пицата и шпагетите за појадок, а претседателот на државата ќе му се заканува на Кристијано Роналдо дека „тој е следниот“? Сите сме по малку Македонци, аутсајдери составени од љубов, среќа и надеж дека еден ден ќе биде подобро, бидејќи полошо не може. И како што повторно би рекол Влатко откако трипати ќе чукне во дрво за среќа – тоа е тоа, тоа е се. Дали е тоа така навистина? Ќе гледаме во вторник во Порто. Што се однесува до мене, она сонцето зад оџакот во Кратово се уште не е зајдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.