Самуел Бергер, поранешен советник за национална безбедност на САД, го информирал американскиот претседател Бил Клинтон за подготовките за ултиматум до Србија, точно шест месеци пред почетокот на бомбардирањето , односно на 24 септември 1998 година!.

Како што покажуваат декласифицираните документи на претседателската библиотека на Бил Клинтон, со цел „да се запре хуманитарната катастрофа во Косово и да се подготви политичко решение“, тој предложил „веродостојна закана од воена акција од страна на НАТО“.

„Ова значи да се изврши притисок врз НАТО да постави ултиматум со кој се бара Милошевиќ да преземе конкретни чекори за решавање на хуманитарната и политичката криза, или да се соочи со воен одговор. Со цел ултиматумот да биде веродостоен, ние и нашите сојузници треба да бидеме подготвени да започнеме ограничени ракетни напади, доколку Милошевиќ не се согласи да се придржува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.