Поранешниот премиер и копретседател на Продолжување со промените Кирил Петков го тужи лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов за половина милион лева (250.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија.
Жалбата што Петков ја поднесе во Окружниот суд во Софија е за клевета во врска со коментарите на Борисов во последните денови.
Според Петков, „Борисов е докажан лажго“, давајќи пример за неговите лаги за посредници, за провизии, клевети кои постојано насекаде ги кажува против него.
По повод одлуката на Управниот суд во Софија, со која апсењето на Бојко Борисов на 17 март беше прогласено за незаконско, Петков коментираше дека многу луѓе се разочарани што тој се уште е на слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.