Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Белград, каде што ќе престојува во рамките на официјалната дводневна посета на Србија, на 7 и 8 мај.
Кинескиот лидер е пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а по повод оваа важна посета сѐ е организирано на највисоко ниво, објави Курир.рс, пренесува Канал 5 ТВ.
Заедно со претседателот Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Си Џинпинг на црвениот тепих е пречекан од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, поранешниот претседател Томислав Николиќ и неговата сопруга, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со неговата сопруга.
Кинеска делегација од околу 400 членови пристигна во Белград. Претседателот на Кина е пречекан од српски ловци МиГ-29 кои го следеа неговиот авион од моментот кога тој влезе во српскиот воздушен простор, а во негова чест на аеродромот во Белград беше построена стража на Вооружените сили на Србија.
Белград однапред постави знамиња кои се дел од добредојде на претседателот на Кина, пријателска земја на Србија.
Според протоколите кои следат по посетите на големите светски државници, престојот на кинескиот лидер во Србија го обезбедуваат околу 3.400 полицајци. Пречекот ќе биде проследен со фолклор, цвеќе, а по целиот пат се поставени и кинеско-српски знамиња.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за утре пред палатата „Србија“. Во оваа пригода ќе бидат потпишани 30 договори. За време на ручекот ќе се служат српски јадења и вина, а претседателот Вучиќ лично ќе му служи српски вина, од пенливо до десертни вина, од кои повеќето се автохтони српски сорти.
Музичка програма ќе има и за претседателот на Кина, а девојка од Србија на кинески ќе ја отпее песната „Татковино моја и јас“, а Хорот ќе ја пее песната Прекрасно цвеќе од јасмин, исто така на кинески. Програмата ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Претседателот на Кина е придружуван од сопругата Пенг Лијуан, член на Главниот комитет на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, директор на Генералната канцеларија на Централниот комитет, како и член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија и министерот за надворешни работи, јавува Кинеското меѓународно радио.
Ова е прва посета на претседателот Си на Европа во последните пет години, од избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, а за време на оваа европска турнеја тој ќе посети само три европски престолнини – Париз, Белград и Будимпешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.