Околу 24 мај дел од владата на чело со премиерот Кирил Петков и партијата „Продолжува промената“ се подготвува за национално предавствo, рече синоќа на БНТ почесниот претседател на ВМРО, Красимир Каракачанов, поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија.
Имате одлука на бугарската влада од 2019 година, одлука на парламентот од 2019 година, одлука на Советот за национална безбедност под претседателот од 2020 година, имаше и одлука на Советот во јануари оваа година. Бугарскиот став е јасен: компромиси за темата Македонија не се прават додека не се промени политиката на Скопје кон Бугарија, категоричен е Каракачанов.
Тој нагласи дека за целото бугарско општество веќе е јасно дека „Кирил Петков не само што не разбира за што се работи, туку има преземено обврски“.
Во моментов се обидува да направи национално предавство за да го одработи тоа што некој го извади од никаде и го направи премиер на Бугарија. Тоа веќе им е јасно на сите, рече Каракачанов.
Почесниот претседател на ВМРО очекува бугарското општество да биде критично, бидејќи во текот на сите овие години меѓу 75-84 отсто од бугарските граѓани биле категорично против компромиси на тема ПКМ.
Тврдењата дека наш национален интерес е да бидеме опкружени со земји-членки на ЕУ поради војната во Украина, се целосна глупост и зборува за наивност. Македонија и Албанија се членки на НАТО. Ова им дава гаранција за безбедноста, а не членство во ЕУ, рече поранешниот воен министер.
Каракачанов додаде и дека „сите сакаме да имаме партнери од ЕУ на Балканот, но членството во ЕУ значи исполнување на критериумите“.
Дефинитивно немаме интерес земја како Македонија, која води антибугарска политика, да стане членка на ЕУ. Затоа што сите овие практики на фалсификување на бугарската историја, прогон на Бугарите, претензии кон националните малцинства во Бугарија ќе станат многу посериозен проблем кога оваа земја ќе стане членка на ЕУ, рече Каракачанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.