Европската комисија на својата официјална Фејсбук страница го одбележа Меѓународниот ден на младите со објавување на мапа на Стариот континент на која се прикажани одредени специфичности на земјите. Имено, мапата е наменета децата и младите на живописен и интересен начин да дознаат повеќе за европските земји.

И покрај најдобрите намери на Европската комисија да им обезбеди на наставниците и учениците најдобри образовни содржини во рамките на своето „Катче за учење“, нацртаната мапа предизвика многу контроверзии. Имено, на споменатата карта се прикажани бројни европски знаменитости, но ако се обрне внимание на Балканот, може да се види како Европската Унија го запостави ова „ќоше“.

Меѓу знаменитостите во Хрватска се прикажани далматинско куче, загрепската катедрала, палатата Диоклецијан во Сплит и шолја кафе, во Грција Олимпијадата и боговите, но илустраторот на мапата очигледно не бил премногу шармиран од остатокот од Балканот и затоа од сите симболи што ги красат земјите од Западен Балкан е мечката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.