наоѓањето простор за паркинг е проблем со кој не се соочуваат само луѓето во Македонија, туку тоа е проблем што ги мачи и луѓето во соседството.
На хрватската фејсбук-страница „Сообраќајни несреќи и незгоди“ е обајвена фотографија за која се вели дека е сликана во Дрвар, а на неа може да се види многу досетлив начин за одмазда до шоферот кој со својот паркиран автомобил го попречува движењето на другите луѓе.
Јави ми се, бремена сум, напишала непозната жена сосе бројот на мобилниот телефон и ја залепила пораката на шофершајбната од автомобилот.
Таквата постапка предизвика голем број коментари оставени под објавата.
„Паркинг со порака што не ја очекувал“, „Корисникот моментално не е достапен“, „Каде го најде опелов?“, „Бара паркинг или маж“, се дел од шеговитите коментари од членовите на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.