Другарка од одделението на несреќното момче кое денеска се самоуби скокајќи од прозорец од вториот кат на ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево за српските медиуми изјавила дека во моментот на трагедијата мајката на момчето била во училиштето и разговарала со директорот. Според девојчето, С.Ф. (14) не бил добар ученик, правел мали проблеми на училиште. Минатата година бил оставен на полагање.

Децата од училиштето раскажуваат за Новости дека С.Ф. наводно имал проблеми на училиште, немал добри оценки и често одел на психолог. Одеднаш се повлекол и престанал да се дружи со сите.

Професорката по германски јазик, во чиј клас се случил немилиот настан, веднаш откако момчето скокнало од прозорецот истрчала кај директорот, па таа и мајката на момчето излегле надвор. Учениците ја виделе мајката на момчето како плаче.

Жителите на Качарево сведочат дека во ова основно училиште не се ретки случаите на врсничко насилство.

Повеќе ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.