Доживотна казна затвор му е пресудена на Дардан Криваќа за кривичното дело „тешко убиство“ во случајот со мачената и убиена Маригона Османи од Урошевац, Косово. Само 15 години доби второобвинетиот Арбер Сејдиу за кривичното дело „помагање во тешко убиство“ на осумнаесетгодишната девојка.

Според обвинението, Дардан Криваќа на 21.08.2021 година во својот стан без согласност на сега покојната Маригона Османи ја принудувал на обљуба и на различни начини ја малтретирал. За време на говорот, судијата ги обелодени деталите за грозоморното убиство на 18-годишната пред две години.

Околу 10.14 часот во неговиот стан во Урошевац, без нејзина согласност, осудениот го принудил починатото девојче на сексуален однос, кој бил проследен со тортура, на тој начин што најпрво ја силувал во дневната соба, а по сексуалниот чин ја испратил гола во бањата, од каде насилно ја испратил во спалната соба. Со текот на времето, поради тешката здравствена состојба, девојката ја изгубила способноста за отпор од извршеното насилство, а насилникот уште два пати сексуално ја злоставувал. Тој со стап заедно со Сејдиу влегол во собата и ја тепале девојката на различни делови од телото, нанесувајќи ѝ голема физичка и психичка болка. Од ударите девојчето се здобило со повеќе повреди, а како директна последица од тепањето следела смрт, како и трауматски шок, кои се резултат на надворешно крварење и внатрешно крварење, од скршеници на коската на долната вилица, скршеници на ребра, лева клучна коска, вратни пршлени.

Сепак, двајцата не беа осудени за силување и помагање во силување, бидејќи судот оцени дека нема докази што укажуваат дека тие го сториле тоа кривично дело.

Адвокатот на семејството на Маригона Османи рече дека семејството е незадоволно од казната за второобвинетиот. Тој најави жалба, бидејќи, како што рече, доживотен затвор заслужува и второобвинетиот.

Учеството во убиство и да се биде осуден на 15 години е малку бесмислено, рече Резми Османи, чичко на Маригона.

Маригона Османи имаше 18 години кога беше убиена на 22 август 2021 година во станот на главниот обвинет Дардан Криваќа во Урошевац. Две лица, сега осудените Криваќа и Сејдиу, мртвото тело на жртвата го пренеле во градската болница, а потоа заминале во непознат правец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.