Четириесетгодишниот електроинженер Иван Мијаиловиќ од Лазаревац, Србија, кој го прележал корона вирусот четири пати, за „Нова.рс“ зборува за симптомите и она што го научил борејќи се со оваа болест.

Првпат бев позитивен на 17 ноември 2020 година. Тогаш имав треска три-четири дена, дијареа, а имав и болки во мускулите. Чувствував општа изнемоштеност, а во главата како да имав сериозен мамурлак. Имав и поблаги болки во грлото и кашлица, се сеќава Иван.

За среќа, тогаш поминал без тешка клиничка слика. Продолжил да внимава, но дека животот горе-долу му продолжил нормално. Не поминало многу време откако се опоравил и се вратил на работа кога забележал дека повторно му се случува нешто сомнително со здравјето. Отпрвин не размислувал за короната, бидејќи се надевал дека се уште има имунитет.

Вториот пат кога се заразив беше нешто повеќе од три месеци по првата инфекција. Сè беше слично, но симптомите беа околу 50 проценти послаби и без температура, раскажува тој.

Во меѓувреме, Иван се вакцинирал против Ковид и мислел дека завршил со короната до крајот на животот. Но, вирусот докажа дека ги крши сите правила.

Во септември 2021 година, Иван повторно се чувствува лошо.

Тој трет пат ги имав потполно истите симптоми како и вториот пат, па имав дијареа, болки во мускулите, бев слаб и малку ме болеше грлото. И точно знаев за што се работи. Затоа не отидов да се тестирам. Ја следев мојата состојба и, се разбира, се изолирав. За среќа, сè помина добро, веројатно најмногу благодарение на вакцината.

И тогаш, како во лоша шега, Иван неодамна повторно се заразил со короната.

Веќе некое време функционирав нормално, се трудев да не размислувам многу за пандемијата, чекав како и сите други конечно да помине. Меѓутоа, неодамна, во февруари, почнав да кашлам и малку се изморив. Искрено, не ни помислив на Ковид, туку отидов на лекар да ми даде лек бидејќи морав да одам на скијање во Франција. Таму ми рекоа дека сепак морам да поминам преку брзата ковид амбуланта. Тоа го направив, се тестирав, ги направив сите потребни прегледи. Докторот рече дека се е во ред, а крвната слика е одлична, вели тој за „Нова“.

Сметајќи дека сето тоа е ништо, Иван почнал да се пакува. Резултатите од тестот од 23 февруари пристигнале следниот ден, а тој ги погледнал „ради реда“.

Кога тоа – повторно позитивен. Не можев да верувам, се прашував уште колку. Сега разбирам дека сето тоа е веројатно затоа што премногу се трошев себе си во претходните години, па имунитетот ми ослабна, вели тој.

Иван работи во фирма, а приватно им држи часови по електротехника на студенти, и плус тоа, е многу посветен на сопругата и децата.

Сега признава дека повторно сфатил дека мораме да го слушаме нашето тело кога ни кажува дека треба малку да забавиме, но и дека не смееме да дозволиме пандемијата целосно да не маѓепса и да оставиме животот да нѐ одмине.

На крајот на краиштата, отидов на лекар и направив радио и ултразвук на срцето и сите други неопходни прегледи и се покажа дека се е во ред, вели Иван и додава дека ќе одмори малку, но потоа планира убаво семејно патување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.