Во Србија се случува реприза на македонското и претходно на украинското сценарио. Сликите што ги гледаме во Белград нема кого нѐ потсетија на случувањата во Скопје во 2015 година и „шарената револуција“ и познатиот „Мајдан“ во Украина пред десет години.
Сѐ е исто-шатори, лажни студенти, блокирање на булевари, штрајк со глад.
Недостасува уште фарбање и кршење, но и тоа веројатно ќе го видиме во следниот период.
И политичките барања на српската и на тогашната опозиција на чело со СДСМ се исти, а тоа со изгубени избори да дојдат на власт. Во Македонија тоа им успеа, а како што стојат работите во Србија нема да им успее.
Она што е заедничко е што и во Србија, и во Украина и во Македонија ја имаат поддршката од т.н Запад. Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја прозва мисијата на ОБСЕ и ОДИХР дека однапред знаела дека лидерот на опозизцијата Драган Ѓилас нема да ги признае изборите но оти молчеле.
Драган Ј.Вучичевиќ, главен уредник на „Информер“ вели дека е неверојатна сличноста меѓу Скопје, Белград и Киев.
Шаторите се во основа идентични со оние што се користеа на Мајдан во Украина. Ги молам граѓаните да сфатат какво зло ни подготвуваат. Шаторите се од резервите на НАТО кои ги чуваат воените резерви низ Европа – открива Вучичевиќ за „Информер.рс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.