Договорените количества пченица и пченка за извоз во земјите од регионот пред неговата забрана, ќе се реализираат во најбрз можен рок, се наведува денеска на веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство. и водостопанство на Србија.
Врз основа на договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, утрово во Белград беше организирана средба на министрите за земјоделство на двете земји Бранислав Недимовиќ и Фрида Крифца.
Договорените количества пченица и пченка, пред забраната за извоз, ќе се реализираат во најбрз можен рок, соопшти српското Министерство за земјоделство.
Во соопштението се додава дека земјите од Иницијативата Отворен Балкан, како и другите соседни земји, можат да сметаат на Србија како доверлив партнер во време на големи предизвици во прехранбениот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.