Инфлацијата на потрошувачките цени во Словенија благо се намали на крајот на годината, иако остана значителна, главно поради повисоките трошоци за прехранбените производи, покажаа денеска објавените податоци на Заводот за статистика на Република Словенија.

Индексот на потрошувачките цени се искачи за 10 отсто на годишно ниво во јануари, малку под зголемувањето од 10,3 отсто во декември. Инфлацијата остана на двоцифрена бројка осми последователен месец во јануари, пренесува ДПА.

Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија за 19,3 отсто на годишно ниво во јануари, а оние за мебел, опрема за домаќинството и рутинско одржување на домаќинствата пораснаа за 12,3 отсто. Комуналните трошоци се за 11,1 проценти поскапи во споредба со минатата година.

На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 0,2 отсто во јануари, по растот од 0,9 отсто во претходниот месец. Мерката за инфлација на ЕУ, или ХИЦП, се зголеми за 9,9 отсто на годишно ниво во јануари наспроти растот од шест проценти во истиот месец од 2022 година. Месечно, ХИЦП падна за 0,1 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.