Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка мерени со индексот на потрошувачките цени во Хрватска во март се зголемија во просек за 7,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година, што е највисока инфлација од 2008 година, соопшти Централното биро за статистика.
Споредбено со февруари потрошувачките цени во Хрватска се во просек повисоки за 2,1 отсто, а во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, цените се во просек повисоки за 6,4 отсто, пренесува Хина.
Цените на прехранбените производи, во кои се вклучени безалкохолните пијалаци, а кои сочинуваат четвртина од потрошувачката кошничка, пораснаа за 10,3 отсто на годишно ниво и имале најголем придонес во годишната стапка на раст на индексот (+ 2,8 процентни поени).
Цените на транспортот првенствено поради цените на горивата, очекувано пораснале за 14,4 отсто, што придонело за поскапување од 2,12 процентни поени, додека цените на режиските трошоци за домување како водата, струјата, гасот и другите горива пораснале за 0,64 процентни поени или со годишен раст од 3,8 отсто.
Во однос на февруари најмногу поскапеле облеката и обувките во просек за 12,2 отсто, транспортот за 5,3 отсто, а услугите во рестораните и хотелите за 1,8 отсто.
Со претходно присутните инфлациски притисоци генерирани од растот на цените на енергијата и храната, во сегашното опкружување на геополитички конфликти и екстремна неизвесност за времетраењето и исходот, инфлаторните притисоци сега стануваат се посилни. Иако Владата презеде одредени мерки поради поскапувањето на енергенсите за ублажување на влијанието врз потрошувачите, неизбежно е прелеаното влијание од цените на енергијата и храната од светските пазари“, велат аналитичарите на „Рајфајзен“ банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.