Веселин Милиќ, начелник ПУ за градот Белград, на прес конференција го покажал планот и списокот на деца, кои Коста К. сам го направил, пред да го започне својот крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ на Врачар.
Сум бил на илјадници увиди, ова во српското општество е невидено досега. Според досега собраните податоци, детето веќе подолго време го планирало настанот. Пиштолите ги земал од станот на татко му, понел и молотови коктели. Прво пукал во човекот од обезбедување, па во дежурната ученичка. После злосторството, ја повикал полицијата. Самиот го изработил планот за влез и илез од училиштето. Одредил приоритени мети, како кое дете да го ликвидира и по кој број- изјавил Милиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.