Во обвинителниот акт поднесен од Специјалното државно обвинителство во Црна Гора, се наведува дека резиденцијата на лидерот на Kaвачкиот клан Радоје Звицер е всушност во населбата од која потекнуваат членовите на спротивставениот клан Шкаљарски клан.

Тоа е селото Шкаљари кое речиси едно до друго со местото каде што е пријавен дека живее избеганиот лидер на Кавачкиот клан.

Шкаљарскиот и Кавачкиот клан беа дел од единствениот Которски клан кој се раздели пред 20 години и оттогаш се убиени преку 100 нивни припадници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.