Европскиот парламент изгласа директива за забрана на вградени кварови кај домашните апарати. Имало 39 гласа За, додека само еден бил Против.
Станува збор за директива која ја иницирала пратеничката Билјана Борзан. Како што таа вели преговорите траеле долго и биле тешки, а освен тоа постоел и силен притисок на индустријата.
Чекор поблиску сме до големата победа на потрошувачите, навела таа на својот Твитер налог.
Konačnooo!🥳 EP odbor @EP_SingleMarket izglasao moju direktivu o zabrani ugrađenih kvarova! 39 ZA, PROTIV 1! Nakon teških pregovora, unatoč jakom pritisku industrije, korak smo bliže velikoj pobjedi za potrošače 💪💪💪 #empoweringconsumers pic.twitter.com/xgOhVXGuQD
— Biljana Borzan (@BiljanaBorzan) March 28, 2023
Таа предупредила дека се работи за таканаречено програмирано расипување на уредите, со оглед на тоа дека граѓаните забележиле дека оној момент кога истекува гаранцијата за некој уред, тој брзо се расипува. Иако технологијата напредувала во однос на шеесеттите или седумдесеттите години на минатиот век, кога домашните апарати траеле по 10 и повеќе години , сега тој рок е 5 до 6 години, или многу пократко. Тоа е неодржливо што се однесува до околината, бидејќи фрламе кабаст отпад, но тоа е удар и на џебот на потрошувачите, бидејќи апаратите мора постојно да се обновуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.