Сте забележале ли дека потенките лименки со сок стануваат сè попопуларни? Пакувањето игра голема улога дали ќе купите одреден производ. Така, и брендовите за пијалоци се служат со различен облик и дизајнот, со цел да привлечат што повеќе потрошувачи.

Неодамна станаа популарни лименките кои се многу потенки од оние што ги купувавме порано. Зошто?

Производителите сметаат дека потенките лименки суптилно ќе ви сугерираат дека егзотичните пијалоци се поздрави од пивото и од газираните пијалоци кои се пакуваа во старите ниски и тркалезни лименки.

Потрошувачите ги гледаат тенките лименки како пософистицирани, што ги прави и нив да се чувствуваат така, изјави уредникот на „Beverage Digest“ за Стенфорд.

Потенките лименки се сметаат за иновативни. Забележано е дека сè повеќе луѓе се заинтересирани за поздрав начин на живот, поради што има сè повеќе пијалоци кои се наменети за потрошувачи кои се свесни за здравјето. Се верува дека тенките лименки даваат сигнал за оваа карактеристика, па овие причини се поврзуваат со „психолошка игра“.

Експертите советуваат дека ако се обидувате да го намалите конзумација на сокот, енергетските пијалоци или пивото, секогаш проверувајте ги етикетите.

Лименката може да биде потенка и сепак да содржи иста количина на пијалок. Причината за потенки лименки не е само оптичка. Овие лименки, исто така, им помагаат на компаниите кои произведуваат пијалаци, заштедувајќи им пари на пакувањето и правејќи простор за повеќе производи да се сместат на полиците на супермаркетите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.