Илјадници Грци одат во Бугарија и Македонија за да купат многу поевтини производи, дури и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, јави дописничката на МИА од Атина.
Авгери ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“
Додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.