Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на Твитер реагираше во врска со ситуацијата во Косово и повика на прекин на насилството, наведувајќи дека „демократскиот свет го стави во центарот на вниманието дијалогот, нормализацијата и взаемното признавање меѓу Косово и Србија”.

Тој додава дека ова што се случува ниту најмалку не е во прилог на процесот во кој „се ангажирани сите големи пријатели на Косово за нормализација на односите со Србија”.

– Дали ова што се случува на Косово му помага на процесот каде се ангажирани сите големи пријатели на Косово и на Албанците, за нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија?! Секако не, се додека нашите најголеми пријатели се длабоко загрижени, пишува Рама.

Додава дека се придружува во апелот да се запре со насилство.

– Им се придружувам во апелот да не се продолжува по овој не само опасен, туку и целосно непотребен пат денес, кога демократскиот свет во центарот на вниманието ги стави дијалогот, нормализацијата и меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија, наведува албанскиот премиер Рама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.