Граѓаните на Белград одат на нови избори бидејќи Собранието на град Белград не е конституирано ниту на последниот ден од рокот.

Собранието на град Белград денеска не беше конституирано бидејќи претседавачот Тома Фила изјави дека повторно нема кворум. Така, рокот за формирање власт во главниот град истече.

Фила на почетокот на седницата рече дека нема кворум и дека не се исполнети условите за конституирање на градскиот парламент. „Како што ви кажав – избори“, рече Фила и ја заврши седницата.

Согласно Законот за локална самоуправа, доколку собранието не се конституира во рок од два месеца од објавувањето на резултатите од изборите (03.01.2024 година), ќе се именува привремен орган и ќе се распишат избори.

Бидејќи денеска не е конституирано Градското собрание, односно не се избрани претседател на градското собрание и секретар, создадени се услови да се распишат нови избори.

Тие избори треба да ги распише претседателот на српскиот парламент во рок од еден месец, а да се одржат во рок од 45 до 60 дена од денот на распишувањето на изборите.

Владата треба да назначи Привремена управа која ќе управува со градот до изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.