Додека Македонија сеуште е заглавена во процесот кон ЕУ, регионот полека го фаќа приклучокот. Лидерите на државите или владите на Европската Унија (ЕУ) ќе одлучат да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина (БиХ), дознава Радио Слободна Европа.
Следејќи ја препораката на Европската Комисија од 12 март 2024 година, Советот на ЕУ одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Советот повикува на усвојување на преговарачката рамка кога ќе се преземат релевантните услови наведени во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година, се вели во најновите нацрт-заклучоци, чиј текст беше договорен на 19 март.
Шефовите на држави и влади на ЕУ ќе се сретнат на 21 и 22 март во Брисел, каде за време на редовниот самит ќе одлучуваат и за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина.
На 12 март Европската Комисија му препорача на Советот на ЕУ да го одобри почетокот на преговорите за членство со Босна и Херцеговина. Одлуката за отворање на пристапните преговори се носи на највисоко политичко ниво, односно на ниво на лидери на ЕУ.
БиХ има статус на кандидат за полноправно членство од декември 2022 година.
Во декември 2023 година, лидерите на ЕУ изразија подготвеност да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина и ја повикаа Комисијата во март да објави извештај за нивото на исполнување на клучните критериуми, што ќе биде основа за одлуката на лидерите на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.