Бугарија ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Македонија само откако категорично ќе се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и бугарскиот национален интерес, изјавил лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на работната средба со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи во седиштето на партијата.
Борисов потенцирал дека го запознал Вархеји со заедничкиот став што сите партии претставени во парламентот го усвоиле заедно со претседателот Радев во јануари 2022 година.
Во рамките на разговорот потсетив и дека за време на бугарското претседателство со ЕУ, третиот кабинет на ГЕРБ беше тој што ја врати на европската агенда темата за европската иднина на Западен Балкан, напишал Борисов по средбата на својот Фејсбук профил.
Покрај Борисов, Вархеји во текот на денот се сретна и со бугарскиот премиер Кирил Петков и претседателот Румен Радев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.