Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, доцна синоќа стана татко по трет пат. Тој доби син, кој ќе го носи името Иван.
Хрватскиот премиер и неговата сопруга Ана Маслаќ Пленковиќ веќе имаат две деца, ќерката Мила, која има четири години, и синот Марио кој има седум.
Вечерва во болницата Петрова во Загреб е роден Иван Пленковиќ. Пораѓањето помина добро, а гордите родители Ана и Андреј, како и Мила и Марио се пресреќни поради раѓањето во семејството – соопшти синоќа портпаролот на премиерот, Марко Милиќ.
На почетокот на февруари беше објавено дека сопругата на премиерот, Ана е бремена, а семејството на премиерот ретко се појавува во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.