Хрватскиот келнер Марио пронашол модел со кој тајно земал пари од ресторанот во кој работел две години. Кога конечно го откриле, сфатиле дека 28-годишниот келнер, в џеб ставил околу 20.000 евра. Против него деновиве е покренато обвинение.

Според обвинението, се се случувало во 2021 и 2022 година во ресторанот „Уно“ во Славонски Брод. Во тој период, Марио издал вкупно 326 фактури „кои лажно ги претставувал дека се наплатувани со картичка“.

Но, тие износи на сметките ги наплаќал во готово, а не ги предал на благајната, туку неоправдано ги задржал за себе, при што го оштетил трговското друштво за 19.497,51 евра и во истиот износ остварил противправна финансиска корист“, наведуваат обвинителите.

Марио во полиција признал што направил, но во текот на истрагата се бранел молчејќи и не сакал да изнесе одбрана. Исчезнувањето на парите од книговодството го забележале дури во септември 2022 година, кога „забележале дека нешто не е во ред со плаќањето со картичка во ресторанот „Уно“.

Анализите на издадените фактури и снимките од надзорните камери го откриле осомничениот, кој со „бизнис моделот“ што го смислил, секој месец во просек ставал в џеб по околу 1.000 евра. Тоа значи дека секој месец, тој фалсификувал околу 16 сметки од кои секоја била во вредност од околу 60 евра.

Доколку биде прогласен за виновен, Марио ќе мора со камата да врати се во ресторанот и плус да плати 1.300 евра во кривичната постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.