Хрватскиот капетан Марко Бекавац од Сплит со првостепена пресуда е осуден на 30 години затвор откако минатата година во турското пристаниште Ерегли во товарот на неговиот брод бил пронајден кокаин.
Тој се наоѓа во турскиот истражен центар во Анкара од октомври минатата година, кога полицијата пронашла 137 килограми кокаин на брод под панамско знаме кој превезувал јаглен од Колумбија.
Тогаш беа уапсени 10 морнари, шестмина од Филипините, по еден од Финска, Полска и Русија и Бекавац, кого турските власти го сметаат за одговорен за командната одговорност. Покрај капетанот Бекавац, судот го прогласи за виновен и првиот офицер на палубата, додека останатите обвинети беа ослободени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.