Работењето од дома во Хрватска отсега ќе биде и законски регулирано. Работникот во Хрватска од почетокот на 2023 година може од работодавецот да бара измена на договорот поради работа на далечина, а и работењето во недела мора да се плати 50% повеќе.
Заради усогласување на работните, семејните и личните потреби работниците во Хрватска од почетокот на оваа година ќе можат да бараат таква измена во договорот со цел заштита на здравјето, инвалидитет, бременост или обврски кон децата се до наполнети 8 години возраст или за да помогна тна некој член од семејството кој е болен.
Новиот хрватски закон за работа фактички ја регулира работата од дома, на далечина и преку дгитални платформи и го дефинира новиот начин на вршење на сезонките работи, кои вклучуваат и работа на неопределено време.
Со новиот акт е реулирано во случај на епидемија, земјотрес или поплави работодавецот може да му одобри на некој вработен да работи од дома најдолго на период од 30 дена.
Со измените на законот нема да смее основната заработка да биде помала од минималната плата, па така, работнциите на пониско платено работно место ќе ги почувстуваат ефектите преку платата. Овој закон по прв пат јасно пропишува дека работењето во недела мора да се плати 50% повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.