Парламентарните избори во Хрватска, што ќе се одржат на 17 април, ќе ги следат вкупно 5.333 набљудувачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

За следење на работата на изборните комисии и избирачките одбори на избирачките места во Хрватска се пријавени 5.246 набљудувачи.

Регистрирани се 87 набљудувачи за следење на работата на избирачките одбори на избирачките места во странство, објави ДИК на својата веб-страница.

Во Хрватска ќе се одржат 11. парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.