Горивата во Хрватска не престануваат да растат, па деновиве пристигнаа нови поскапувања. Премиум бензините и дизелот опасно се приближуваат до цената од 15 куни за литар (1,99 евра).

Сепак, хрватските аналитичари тврдат дека цените за литар гориво се очекува да бидат три евра, ако не и повеќе.

Имајќи предвид дека во Хрватска во последните месеци сè е драстично поскапено, од храната и гориво до електрична енергија, јасно е дека Хрватите се соочуваат со исклучително тешки денови поради светската криза која ја тресе планетата поради војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.