Поранешниот косовски премиер, актуелниот пратеник на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Авдулх Хоти вели дека е загрижувачко тоа што косовската влада не се координира со Скопје, Тирана и Прешевската долина при донесувањето мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

На својата страница на Фејсбук Хоти напиша дека добил многу пораки од албанскиот град Кукеш, од местата со мнозинско албанско население во јужна Србија, како и од Скопје и Тетово, со барање да се укине обврската за приложување доказ за примени три анти-ковид вакцини или две вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест при влез во Косово.

Тој побара од неговиот наследник на чело на косовската Влада, Албин Курти, веднаш да ја укине таа одлука и да ги врати претходните мерки, со кои се бараше потврда за примени две вакцини.

Деновивие добив пораки и повици од Кукеш, Прешевската долина и Скопје и Тетово. Барањето за три дози вакцина е навистина бесмислено. Загрижувачки е недостатокот на координација на Владата на Косово при донесување такви одлуки со владите во Тирана и Скопје, како и со прешевската градоначалничка, напиша Хоти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.