Брзата помош во зрењанинскиот Ургентен центар довела мајка и син кои биле нападнати со секира и нож.

Како што неофицијално се дознава, мајката (57) се здобила со удари од секира по главата и итно е префрлена во Клиничкиот центар Војводина, додека синот (17) се здобил со убоди од нож во пределот на градите и секира во пределот на главата и лекарите се борат за неговиот живот.

Како што неофицијално се дознава, нив ги нападнало 13-годишно дете. Нападот се случил во село во општината Нова Црња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.