Поранешниот шеф на косовската дипломатија и актуелен потпретседател на парламентот и на Демократската партија на Косово, Енвер Хоџај, за „Топ чанел“ изјави дека Косово треба да им се приклучи на земјите од регионот во рамки на Отворен Балкан.

Вклучувањето на Косово во иницијативата „Отворен Балкан“ е неопходно. Одбивањето да стане дел од оваа иницијатива има последици во многу аспекти, а учеството во оваа регионална иницијатива е решено со Вашингстонскиот договор – изјави Хоџај.

Според него, ова е краен момент Владата на Косово сериозно да размисли, да се откаже од изолацијата и да покаже дека е за соработка.

Хоџај додава дека од економски аспект, трговијата со Србија не треба никого да плаши, а ги отфрла и аргументите на Владата на премиерот Албин Курти дека неучеството е поврзано со нееднаквиот третман на Косово во оваа иницијатива.

Апелирам до другите опозициски партии да погледнат подалеку кога станува збор за „Отворен Балкан“ за да ја убедиме владата да се откаже од изолацијата на земјата – посочи Хоџај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.