Пожарите кои веќе неколку дена беснеат во Грција уништија големи површини шуми, личен имот, но за жал и 18 животи. Сепак, дека во секој мрак има нешто светло најдобро говорат фотографиите на неименуван млад човек кој среде пожар извлекувал животни на безбедно.

Фотографиите се направени во подножјето на планината Парните во регионот на Атика. Од почетокот на пожарот, локалните жители им помагаат на властите во гаснењето на пожарот, а во исто време спасуваат што може да се спаси, почнувајќи од животните.

Foto EPA

Овој млад човек досега спаси куче, магаре и коњ, додека зад него беснееше огромен пламен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.