Хасан Бериша е загинатиот во тешкиот инцидент што се случи денеска на магистралниот пат Феризај – Качаник. При престрелка повреден е и неговиот брат Кастриот Бериша. Хасан починал на лице место, што било констатирано од медицинските екипи, додека неговиот брат е пренесен во Урошевац.

Извори велат дека полицијата веќе го идентификувала сторителот на ова тешко убиство и наскоро се очекува негово апсење. Прогласениот осомничениот за тешкото убиство е Хиќмет Ќори.

Состојбата на повредениот е многу тешка. Според директорот на Ургентниот центар Насер Сила, ранетиот е задржан на респиратори.

„Ситуацијата е многу сериозна. Да видиме што ќе се случи понатаму“, изјави тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.