Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај го повика премиерот Албин Курти официјално да побара зачленување на Косово во Северноатлантската алијанса, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поранешниот премиер му порача на актуелниот претседател на косовската влада да не доцни со апликацијата за членство во НАТО, затоа што, како што напиша на неговата страница на Фејсбук, ситуацијата е мошне сериозна.
– Премиеру Курти, поднеси официјално барање за зачленување на Косово во НАТО. Немој да одолговлекуваш, затоа што ситуацијата е посериозно одошто можеш ти да мислиш! Јавните реторики за зачленување не се доволни. Дејствувај според процедурите и преку институциите, напиша Харадинај.
Курти деновиве во интервју за британската телевизија СкајЊуз изјави дека европските држави треба да го примат Косово во Европската унија и НАТО, затоа што „на тој начин ќе се придонесе за мирот, стабилноста и безбедноста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.