Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу изјави дека Атина има водечка улога во рамките на Европската Унија во поддршката на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ.

„Како деветта најстара членка на денешната Унија, Грција игра водечка улога во поддршката на пристапните преговори со Западен Балкан, како и во подобрувањето на политичките и економските односи на сите земји во Југоисточна Европа и во источен Медитеран“, рече таа на состанокот за отворање на економскиот форум во Делфи.

Економскиот форум „Делфи“, кој е источноевропска верзија на Светскиот економски форум во Давос, се одржува оваа недела во грчки град на 160 километри од Атина, пренесува „Хина“.

Меѓу темите ќе бидат руската агресијата врз Украина, политичката ситуација во Југоисточна Европа, со акцент на Босна и Херцеговина, и дијалогот меѓу Косово и Србија.

За време на грчкото претседавање со ЕУ во 2003 година беше усвоена декларацијата од Солун, во која првпат беше наведено дека иднината на Југоисточна Европа е во рамките на ЕУ.

Оттогаш поминаа 20 години, но само Хрватска влезе во ЕУ во 2013 година.

Грчката претседателка смета дека руската инвазија на Украина треба да ги забрза пристапните преговори со Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и со Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.