Владата на Грција забрани извоз на огревно дрво, објави Катимерини.

Идејата е да се обезбеди стабилност на внатрешниот пазар. Извозот е ретроактивно забранет.

Забраната важи за европските земји и за оние надвор од ЕУ. Секое прекршување е спротивно на царинскиот закон. Предвидени се казни кои почнуваат од 200 евра. Сите трговци мора да ја информираат состојбата на достапните количини. Се вршат редовни проверки. Дрвото е двојно поскапено во однос на минатата година. Ова исто така бара активности на кабинетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.